bibliotekapromocija

Во Охрид промоција на стихозбирката „Во прегратката на сните” од хрватскиот автор Дамир Марас

Охрид, 2. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Библиотеката „Григор Прличев” од Охрид ќе биде промовирана стихозбирката „Во прегратката на сните” од Дамир Марас од Хрватска.

Воведен говор ќе одржи Мирко Томовски, промотор на настанот ќе биде Тоде Илиевски, додека интерпретатор Виолета Сековска.

Промоцијата е закажана за вторник, 5-ти декември, во Прличевата одаја при охридската библиотека со почеток во 13:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива