ekipiakvarius

Вчера најмногу дожд наврна во Охрид, екипите на терен

Охрид, 2. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Надлежните екипи беа на терен во текот на целиот ден, откако вчера нашиот регион беше погоден од силни врнежи од дожд. Најмногу дожд до 16:00 часот наврна токму во Охрид, и тоа 22 литри на метар квадратен.

– Градската мрежа тешко ја прифаќаше надојдената вода, па екипите на „Нискоградба“ реагираа соодветно на повеќе точки. Се санираше делот кај кафе барот „Аквариус“, се работеше и на Булеварот „Туристичка“ и на повеќе локации во градот. Екипите остануваат будни затоа што според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде облачно на повеќе места со слаб до умерен дожд. Утре (сабота 02.12.2017 година) локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен, а на терен ќе останат дежурните екипи на ЈП, информираат од Одделението за односи со јавност при Општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид