gimnazijaohrid

Весна Цветкоска е нов директор на охридската гимназија

Охрид, 4. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со решение на градоначалникот на Охрид, за в.д. директор на Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ Охрид е именувана Весна Цветкоска.

VesnaCvetkoska

Таа е дипломиран професор по биологија и во училиштето работи од 1987 година. На оваа позиција доаѓа на местото на професорот по историја Звонко Трпески кој раководеше со овој средношколски центар од јануари 2015 година,заклучно со ноемеври годинава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива