maskiranrazbojnik

Нов грабеж на банка, ограбена струшката „ТТК Банка“

Струга, 6. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид и Полициската станица од Струга преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело „разбојништво“ извршено вчера во експозитурата на „ТТК Банка“ на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга.

– Непознат сторител, вчера околу 08:00 часот, со спортска капа на глава и пиштол во рака, влегол во банката преку влезната врата, се приближил до шалтерот и пиштолот го вперил кон вработената службеничка. Притоа, со гласно викање, побарал во најлон кесата што ја имал да бидат ставени парите, што од страна на вработената било направено. Потоа, до овој момент непознатиот сторител, го ставил пиштолот во појасот и излегол низ влезната врата. На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид под водство на Јавен обвинител и полициски екипи. Со извршувањето на казненото дело, направена е материјална штета од околу 60.000 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива