plaosnik

Богослужба и литургија по повод празникот „Свети Климент Охридски“

Охрид, 6. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во четврток, на 7-ми декември ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, по повод празникот „Свети Климент Охридски“.

Со богослужбата која ќе започне во 16:00  часот ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

Во петок, на 8-ми декември 2017 година, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива