anitamicova

Анита Мицова сними видео запис за песната „Рај“

Охрид, 6. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пејачката Анита Мицова сними видео запис за песната „Рај“, кој е шести за неа по првиот албум „Ти сум јас“.

Станува збор за љубовна песна со блуз-призвуци, потенцијален зимски хит. Спотот е снимен во струшкото село Белица.

– Не сакам да пеам песни што нема да ме допрат емоционално. „Рај“, како и другите мои композиции, има своја приказна, нешто што јас го имам доживеано. Има луѓе што велат дека на некој начин е клише да се прават љубовни композиции, но грешат. Ако песната ја донесеш на вистински начин, ако преку неа допреш до публиката, притоа е со квалитетен текст, музика и аранжман, тука нема простор за тоа парче музика да не стане хит. Спотот е дополнување на целата приказна, која овие денови ќе може да ја гледаат сите, вели Мицова.

Семејната атмосфера, бескрајната љубов и топлината на домот споени во едно е рајот за кој Анита Мицова пее во композицијата што деновиве ќе биде објавена со видеозапис. Формулата за успех и создавање хит пејачката не ја открива, но вели дека очекува позитивни овации од публиката.

Освен за „Рај“, Мицова го привршува спотот и за композицијата „Еден ден“, кој наскоро ќе биде објаве. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива