Sakramento

НБА: Кливленд ја забележа 13.победа по ред, Голден Стејт победува и без Кари (Видео)

Бостон, 7. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Голден Стејт Вориорс не го чувствуваат двонеделното отсуство на Стеф Кари, а тоа го докажаа со победата против Шарлот Хорнетс со резултат од  87:101.

Одговорноста врз себе ја превзема Кевин Дурант кој го постигна првиот ,,трипл-дабл” оваа сезона со 35 поени, 11 скокови и 10 асистенции.Кливленд Кавалирс по лошиот старт , фатија залет и сега ја забележаа 13. победа во низа, овој пат против Сакраменто со резултат од 101-95.

Најзаслужни за победата на тимот беа Леброн Џејмс кој уфрли 32 поени, 11 скокови и 9 асистенции.

Резултати од останатите натпревари во НБА:

Бостон – Далас 97:90
Индијана – Чикаго 98:96
Орландо – Атланта 110:106
Сан Антонио – Мајами 117:105
Њујорк – Мемфис 99:88
Милвоки – Детроит 104:100
Њу Орлеанс – Денвер 123:114
ЛА Клиперс – Минесота 107:113. (Крај)

извор: Дерби.мк фото: архива