misevikniga

Во сабота промоцијата на книгата „Охридската фамилија Мишеви“

Охрид, 7. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во градската библиотека во Охрид, во сабота, на 9-ти декември ќе се одржи промоцијата на книгата првенец на охриѓанката Вера Митеска – „Охридската фамилија Мишеви“.

– Се работи за збирка раскази, анегдоти и случки кои што авторката ги има собрано во текот на последните 15 години за фамилијата Мишеви и нивните сродни фамилии. Збирката открива детали за тоа како изгледал животот во Охрид кон крајот на 19-тиот век и почетокот на 20-тиот. Во ова мало патешествие во минатото можеме да дознаеме многу за културното миле и социоекономскиот живот во градот, велат организаторите.

Промоцијата на книгата ќе започне во 17:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива