crkvaopsta

Литургија по повод празникот „Св. великомаченик Георги и Св. Алимпиј Столпник“

Охрид, 7. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во сабота, на 9-ти декември во црквата „Св. великомаченик Георги“ во Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. великомаченик Георги и Св. Алимпиј Столпник“.

Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)

извор: МПЦ ОА фото: архива