protestvmroohrid

Денес протест на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Охрид, 10. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид испраќаат повик до сите граѓани кои не се согласуваат со антидржавната политика за притвор на уставобранителите денес да излезат на протест на Градскиот плоштад во Охрид со почеток во 12:00 часот.

– Во 21 век имаме брутален политички прогон. Македонија е единственото место во светот каде патриотите треба да одговараат за измислено дело тероризам. ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид Ве повикува. Сите да излеземе и да дадеме поддршка за патриотите, да искажеме револт кон политичкиот прогон на власта, да ги осудиме реваншизмот, прогонот и неправдата и да не дозволиме тоа да продолжи, стои во поикот на партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива