teachhoot-logo1_640x360

Во Библиотеката „Григор Прличев“ ќе биде промовирана првата образовна on-line платформа Teachhoot

Охрид, 11. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре напладне во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана првата образовна on-line платформа Teachhoot.

На присутните ќе им биде презентирано како со on-line образованието може да се премостат просторните бариери и како да се заштеди време за сопствено образование.

За Teachhoot платформата ќе зборуваат нејзините основачи Деан Живковски и Тоше Мицевски, а гости ќе бидат туторите м-р Татјана Гогоска и Игор Богданоски.

Може да учествуваат сите заинтересирани ученици, студенти, професори и родители. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива