sala rekonstrukcija

Санација и реконструкција на дел од СРЦ „Билјанини извори“

Охрид, 12. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Изминативе недели ЈП „Билјанини извори“ санира и реконструира делови од спортско рекреативниот центар, во насока на краткорочно подобрување на условите, особено за корисниците на градскиот стадион.

– Се реновираа сооблекувалните кои ги користат фудбалските екипи и школи како и атлетичарите, но исто така ќе се користат и од фудбалските екипи од соседството кои веќе го најавуваат своето доаѓање во Охрид како дел од нивните подготовки во зимскиот период, информираат од ЈП „Билјанини извори“.

soblekuvalni

Оттаму информираат дека поради големиот интерес на граѓаните кои ги користат кошаркарските игралишта за баскет,  ќе им се овозможи во текот на зимските месеци да се рекреираат во малата сала која е во склоп на спортската сала „Билјанини извори“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива