fondacijadopir

„Милион клика за нашите деца“ – хуманитарна акција за помош на децата со посебни потреби и ретки болести

Охрид, 15. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фондацијата „Допир“ заедно со Националната алијанса за ретки болести во Македонија ја започна хуманитарната акција „Милион клика за нашите деца“.

Сите кои сакаат да дадат придонес во оваа акција, треба да ја симнат мобилна апликација DOPIR и низ мала забавна игра со палавкото Тото ќе помогнат да се донираат средства за помош на децата со посебни потреби и ретки болести во Македонија, односно, за решавање на најнеопходните потреби на децата од оваа ранлива категорија.

Главната цел на Фондацијата „Допир“ е обезбедување материјална помош за децата со посебни потреби и ретки болести, преку обезбедување на здравствена опрема, медицинска опрема и средства кои ќе го олеснат животот на овие деца.

Дополнително, Фондацијата е посветена на промоција на здравјето и збогатување на опциите за здравствена заштита пред сите надлежни органи, институции и пошироката јавност. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива