kerim3

Контра вести на Супер радио – Охридски/Ohridski КЕРИМ News Vol. 207 (ВИДЕО)

Охрид, 18. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најдобра музика, проверени, брзи и точни информации, но и насмевка на вашето лице.

Ова се трите моменти кои ги имате на едно место, доколку вашиот радио приемник е „наштиман“ на 97.00 Mhz на FM скалата, можеби не слушате на www.superradio.com.mk или се читаме на www.ohridpress.com.mk.

Токму во делот со насмевките, Супер радио објавува „осврти“ на актуелните состојби во Охрид, Македонија и светот, низ призмата на една од охридските легенди, популарниот Керим.

Транскрипт на КЕРИМ News „вестите“ во оригинал:

– Значи во Охридсково, што е крајбрежјево, Охрид нема да бидит толку студено како што мислит овој македонски народ, затоа што водава е привлечна и го влечит снегот. И, ако заврнит нема да имат толку студ и лад. Од мене температурава ќе бидит нормално како што било не можиме сега на старото да се вратиме ние во старово знаеме дека било многу критично, ама сега во новото време ќе бидит најубо за Нова година што нема да имат торнади, нема да имат она како што мислит народот…

Слушајте ги охридските/ohridskite „вести“ во КЕРИМ News, секој ден во 09:00, 13:00, 17:00, 01:00 и 05:00 часот на Супер радио. На OhridPress имате и транскрипт од „вестите“, но и видео материјал. Сите вести ќе можете да ги погледнете ОВДЕ, но и на официјалните Facebook страни на Супер радио и OhridPress. (Крај).