dimitrivegaylike

Dimitri Vegas & Like Mike хедлајнери на Ohrid Calling 2018

Скопје/Охрид, 22. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Dimitri Vegas & Like Mike ќе бидат хедлајнери на новото издание на фестивалот Ohrid Calling 2018, најавуваат од Авалон продукција.

Според најавите тие доаѓаат за прв пат не само во Република Македонија, туку и во регионот, а ќе настапат на 1-ви август 2018 година.

– Македонија прераснува во водечка регионална дестинација на eвропските љубители на електронската музичка сцена и сигурни сме дека на двата фестивала ќе присуствуваат барем 5.000 посетители од цела Европа, велат од Авалон. (Крај)

извор: Авалон фото: архива