kerim3

Контра вести на Супер радио – Охридски/Ohridski КЕРИМ News Vol. 212 (ВИДЕО)

Охрид, 24. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најдобра музика, проверени, брзи и точни информации, но и насмевка на вашето лице.

Ова се трите моменти кои ги имате на едно место, доколку вашиот радио приемник е „наштиман“ на 97.00 Mhz на FM скалата, можеби не слушате на www.superradio.com.mk или се читаме на www.ohridpress.com.mk.

Токму во делот со насмевките, Супер радио објавува „осврти“ на актуелните состојби во Охрид, Македонија и светот, низ призмата на една од охридските легенди, популарниот Керим.

Транскрипт на КЕРИМ News „вестите“ во оригинал:

– Земјотресот што предизвикот беше… Можам да речам политички, тоа е од политикава на земиотресиве сигурен сум и навистина овој народ заслужува барем малце живот и јас сум сигурен во тој народ и овој народ се борит за живот зато што уплашени се од тој земјотрес. Тие не может од Македонија земјотреси да потекнувет, тие может само да предизвикет од Русија да речиме од Кина. Е, јас не можам да се надоврзам на ним, затоа што ние сме биле тука антички и за антикава цел живот ќе опстаниме…

Слушајте ги охридските/ohridskite „вести“ во КЕРИМ News, секој ден во 09:00, 13:00, 17:00, 01:00 и 05:00 часот на Супер радио. На OhridPress имате и транскрипт од „вестите“, но и видео материјал. Сите вести ќе можете да ги погледнете ОВДЕ, но и на официјалните Facebook страни на Супер радио и OhridPress. (Крај).