crkvasvetikirilimetodijisvetibenedikt

Католиците и дел од православните верници слават Божиќ

Охрид, 25. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните од католичка вероисповед денес го прославуваат Божиќ, Денот на Христовото раѓање според христијанската традиција.

Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.

Во Црквата Св. Кирил и Методиј и Св. Бенедикт во Охрид синоќа, на Бадник, се одржа вечерна миса, а денес се празнува Божиќ.

Католичките верници денеска ги отвораат вратите на своите домови за гости, а ги отвораат и срцата. Радост ги исполнува домовите. Исчистените и украсените домови ги осветлуваат четирите адвентски свеќи. По една се пали на ручекот, секоја недела до Божиќ.

Католичките верници традиционално за Божиќ приготвуваат сарма и печено месо, печена мисирка, но и многу слатки. Католички Божиќ не може да се замисли без присуството на членовите од семејството.

Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви (Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската) Божиќ го слават на 25 декември.  (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива