Економија Избор Охрид

Прва трка на Дедо мразовци во Охрид, вредни награди за учесниците – пријавете се!!!

Охрид, 25. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Помлади и постари, големи и мали, оние кои имаат желба за забава, вистинско празнично расположение и одело од Дедо мраз.

– Сите кои се пронаоѓаат во овој опис веднаш да се пријават на првата трка на Дедо мразовци која ќе се одржи во Охрид во петок, 29-ти декември во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“. На патеката од пред хотелот City Palace до плоштадот ќе се трча од 18:00 часот, а предвидена е и посебна забавна и музичка програма. За најдобрите имаме вредни награди – таблети, мобилни телефони, вечера за двајца и многу други, информираат организаторите.

Пријавување на телефонот 075/45 32 94 или на маил адресата od20do20oh@gmail.com. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави