Охрид Хроника

23-годишен гостиварчанец крадел низ повеќе објекти во Охрид

Охрид, 25. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.И. (23) од с. Врапчишта, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „тешка кражба“.

Лицето делата ги сторило во периодот од 29-ти ноември до 4-ти декември оваа година во Охрид, откако претходно побегнал од воспитно поправниот дом во Тетово. Тој со употреба на сила и подесен алат, метална шипка, успеал да влезе во службени простории на неколку деловни субјекти, информираат од СВР Охрид.

На 29-ти ноември пријавениот, со кршење на стаклото влегол во книжара на улица „Св.Климент Охридски“ од каде одзел 13.000 денари. Истиот ден, на ист начин, Џ.И. влегол во канцеларија на приватна фирма на булевар „Туристичка“од каде бесправно одзел 13.000 денари.

На 30-ти минатиот месец пријавениот влегол во месара во близина на градскиот пазар и од касата одзел 5.000 денари, а потоа и во канцеларија на уште една приватна фирма на булевар „Туристичка“ од каде одзел 400 денари. На 4-ти декември лицето се обидело да влезе во парфимерија и пицерија на улица „Св.Климент Охридски“, но не успеал бидејќи се вклучил безбедносниот аларм, по што веднаш избегал. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави