tamaro201

„Тамаро“ прослави 20 години успешна работа (Фото)

Охрид, 25. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во хотелот „Инекс Горица“, реномираната охридска компанија „Тамаро“ викендов го прослави 20-тиот роденден.

На манифестацијата беа доделени и бројни награди за вработените и деловните соработници на компанијата.

tamaro202 tamaro203„Тамаро“ е трговска фирма која е основана во далечната 1997 година, кога започна да работи во објект со површина од само 15 м2. Од 2005 година во склоп на компанијата работи и магацинот на големо „А.М.“

Во моментов во склоп на „Тамаро“ работат седум маркети во Охрид и еден во Струга, како и пекара, месара и слаткарата „Анабела“.

tamaro204 tamaro205 tamaro206Менаџерскиот тим составен од Роберто и Татјана Шутески и Марија и Климент Србиноски постојано се залагаат за подобрување на работните стандарди и односот кон потрошувачите, и организираат сопствени обуки и предавања за вработените. Тоа резултира со сериозни резултати и одличен менаџерски кадар.

tamaro207Идните планови на компанијата предвидуваат започнување на сопствено производство и зголемување на производите под брендот на „Тамаро“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Тамаро