trkadedomrazovci

Поради лошото време, првата трка на Дедо мразовци се одлага за сабота, пријавувањето е во тек

Охрид, 27. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради лошите временски услови кои се најавуваат за петок и врнежите од дожд и снег, првата трка на Дедо мразовци се одлага за сабота во терминот од 13:00 часот.

Во меѓувреме трае и пријавувањето за овој настан, кој се одржува за прв пат во рамките на новиот начин на прослава на Нова година во Охрид.

– Помлади и постари, големи и мали, оние кои имаат желба за забава, вистинско празнично расположение и одело од Дедо мраз. Сите кои се пронаоѓаат во овој опис веднаш да се пријават на првата трка на Дедо мразовци која ќе се одржи во Охрид во сабота, 30-ти декември во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“. На патеката од пред хотелот City Palace до плоштадот ќе се трча од 13:00 часот, а предвидена е и посебна забавна и музичка програма. За најдобрите имаме вредни награди: таблети, мобилни телефони, вечера за двајца и многу други, информираат организаторите.

Пријавување на телефонот 075/45 32 94 или на маил адресата od20do20oh@gmail.com. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива