Економија Избор Охрид

Сергеј Четковиќ, Суперхикс, Даниел Кајмаковски, Фолтин, Љубојна – Објавена програмата на „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“

Охрид, 27. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сергеј Четковиќ, Суперхикс, Бени и Нон Стоп, Даниел Кајмаковски, Фолтин и Љубојна се само дел од програмата на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, кој оваа година по прв пат во ваков вид се реализира во Охрид.

– Основната интенција на оваа акција е да се опфати еден од најатрактивните периоди во текот на годината, надвор од главната туристичка сезона во Охрид. Ги опфаќа новогодишните празници, подоцна Божиќ, Стара Нова година и секако Водици, кои се од исклучително значење за заедницата. Идејата е да се изгради манифестација која ќе носи сопствен печат, кој традиционално ќе се одржува и надградува секоја година. ќе трае полн месец и ќе ги опфати со посебна програма сите празници кои се слават во овој дел од годината, но и сите останати денови. Главниот дел од настаните ќе се одвиваат на посебно уредени простори во Центарот на градот, на 5 различни сцени. Една од сцените е и кај новата фонтана кај Мини маркет, со што дополнително ќе се дисперзира забавата во целиот град, кој во овој период во иднина е планирано да биде целиот град како една сцена. Во склоп на програмата ќе имаме посебни сегменти како „Игри без граници“, театарски дел и изложби на отворено, „Од СРЦЕ за Охрид“ – посебна акција за најмладите, трки на Дедо мразовци, трки на келнери, ден на виното, и многу други. Како една од најатрактивните содржини на овој месец на забавата во Охрид е и „Чоколадниот новогодишен свет“, посебна манифестација во склоп на главната, лоцирана на делот од Бистро „Корнер“ на влезот во чаршијата до фонтаната кај Чинарот. Овој дел е посебно украсен со чадори и тезги во центарот на улицата, а по започнувањето со работа ќе има и посебна бина, каде секојдневно ќе има музика, Дџ, Дедо мраз и аниматори за најмладите, информираат од Општина Охрид.

Од 20-ти овој месец веќе тече секојдневната програма во посебно изработената новогодишна куќичка во Центарот на градот, а се најавуваат и многу локални уметнички имиња, мини Баскер-фест и пет сцени во целиот град.

Следната поголема активност во склоп на новогодишниот викенд е и трката на Дедо мразовците која ќе се одржи во сабота во 13:00 часот во Центарот на градот. Повеќе информации за пријавување на сите заинтересирани ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука