ohridvo10logo

„Охрид во 10“ – 28. декември 2017

Охрид, 28. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_1042

Охрид во 10 на 28. декември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 28.12.2017 година

– Сертификати за активно учество на Меѓународен проект за ученици од ОУ „Кочо Рацин“

– Белчишкото блато ќе добие законски режим на заштита на национално ниво

– Волонтери на Црвен крст ќе го посетат геријатриското одделение во болницата

– Бојкот на наставата во ОУ „Св. Климент Охридски“ поради промена на наставен и стручен кадар

– Државата ќе го реши проблемот со колекторскиот систем во Охрид

– Свечено отворен етно ресторанот „Дедо Димо“ во Куратица (Фото)

– Танеска: Договорите на трите лица истекоа, се распиша Конкурс на кој можеше да се пријават сите