belciskoblato

Белчишкото блато ќе добие законски режим на заштита на национално ниво

Охрид, 28. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид во рамките на проектот „Белчишко блато во нашите срца“ финансиран од од проектот CRESSIDA и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа, канцеларија во Скопје, одржа презентација на нацрт-планот за зачувување на Белчишкото блато (Сини Вирој) со претставници од општина Дебрца и локални чинители.

Со нацрт-планот се предвидуваат низа конкретни мерки со временски рокови за блатото што поскоро да добие законски режим на заштита на национално ниво. Според планот, во најприоритетните мерки се вбројуваат: изработка на студија за валоризација на природни вредонсти на локалитетот, запирање на мелиоративните активности и зафати кои придонесуваат за пресушување на блатото, контрола на нелегалниот риболов и криволовството, како и воспоставување на совет на засегнати страни.

belciskoblatotabli

Инаку, од неодамна на патот Охрид-Кичево во селото Ботун и пред општинската зграда во село Белчишта се поставени две информативни табли со податоци за блатото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива