ohridvo10logo

„Охрид во 10“ – 30. декември 2017

Охрид, 30. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_1105

Охрид во 10 на 30. декември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 30.12.2017 година

– Охрид пред Нова година – прослави, полни капацитети, богата програма и убаво време

– Започнува празничниот викенд – „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, денес богата програма

– Приведен жител на Мороишта кај кого биле пронајдени над 7 илјади петарди

– Денес првата трка на Дедомразовци во Охрид, пријави и на Градскиот плоштад

– Предновогодишна „Импровокација“ вечерва на репертоарот на охридскиот театар

– Касата на општина Охрид за 2018 година ќе „тежи“ над милијарда денари

– 12 охридски семејства во трка за најубаво новогодишно украсен двор или балкон

– Христијан Јованоски најбрз на првата трка на Дедомразовци во Охрид (Фото)

– Стојаноски: Добро здравје, многу љубов и благосостојба во Новата 2018-та година