improvokacija_nova_godina_640x360

Предновогодишна „Импровокација“ вечерва на репертоарот на охридскиот театар

Охрид, 30. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва на репертоарот на охридскиот театар е предновогодишното издание на театарската импровизација „Импровокација“.

Ова, репертоарски, ќе биде последна претстава на нашиот театар за годинава. Во шоуто настапуваат актерите Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски, со поддршка од „совеста” на шоуто Филип Жура и музичарот Никола Јосифоски.

Почетокот на предновогодишната „Импровокација“ е во 20:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива