SVROhrid

Кривична за охриѓанец кој уценувал девојка

Охрид, 2. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, против Љ.Д. (27) години од Охрид.  

Приајвениот преку телефон и се заканувал на А.С. (30) дека доколку не му плати 800 евра, на социјалните мрежи ќе објави нејзини фотографии со компромитирачка содржина. Откако девојката му дала пари, бил извршен претрес во домот на пријавениот, каде што биле  пронајдени парите. (Крај)

извор: МВР фото: архива