policija122-640x360

Мајка си ги напуштила четирите малолетни деца

Струга, 3. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напуштање немоќно дете”, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Л.В. (33) од Струга.

Пријавената, казненото дело го сторила на 10-ти октомври минатата година со запоставување на својата родителска должност и со напуштање на своите четири малолетни деца. Тоа го направила со намера трајно да се ослободи од нив по што заминала од семејниот дом. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива