nasilstvo1

Охриѓанец ја претепал сопругата

Охрид, 3. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Ј. (47) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при семејно насилство“.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти ноември и на 12-ти декември минатата година во семејниот дом во охридското село Горно Лакочереј, во вечерните часови.

Поради одредени семејни недоразбирања, пријавениот започнувал жестока вербална расправија со својата вонбрачна сопруга, а потоа и физички ја нападнал. Тој ја удирал со раце и нозе по главата и по целото тело, нанесувајќи и крвни подливи и други повреди.

Врз оштетената, по основ на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, извршен бил медицински преглед на хируршкото оделение при Општата болница во Охрид, каде биле констатирани повредите и и била пружена неопходна медицинска помош. По консултација и овластување на Јавниот обвинител, сега пријавениот Љ.Ј. бил лишен од слобода. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива