svnaumcrkvaopsta1

Распоред на богослужби по повод претстојните празници

Охрид, 4. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско – кичевската епархија го објави распоредот на богослужбите по повод претстојните празници.

Утре по повод празникот Свети Наум Охридски во истоимениот манастир ќе се служи света архиерејска златоустова литургија со почеток во 08:45 часот.

Во сабота на Бадник света златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот

По повод Рожденството Христово – Божик во недела ќе се служи света архиерејска василиева литургија во црквата „Св.Георги“ во Охрид со почеток во 08:45 часот. Света василиева литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот, а богослужба ќе се одржи и во Плаошкиот манастир „Св.Климент и Св.Пантелејмон“.

Понеделник, на празникот Собор на Пресвета Богородица – втор ден Божик, света архиерејска златоустова литургија во црквата „Света Богородица “ – Челница, со почеток во 08:45 часот. Света литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот. Во Плаошкиот манастир тој ден нема да има богослужба.

По повод празникот Свети Стефан – трет ден Божик, света архиерејска златоустова литургија ќе има во црквата „Св.Георги“ во Струга. Света литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот, како и во манастирот „Свети Стефан“ – Охрид со почеток во 08:30 часот, а за Варош во црквата „Св.врачи Козма и Дамјан“ со почеток во 08:30 часот. Во Плаошкиот манастир „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива