ok vmro dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Со брутална партизација на претпријатијата СДС го турка Охрид во хаос

Охрид, 4. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – До каков степен дојде СДС и градоначалникот Јован Стојаноски да молчи и глава да не крене од срам. Нивна одлика стана противзаконско работење, брутално кршење на законот и носење незаконски одлуки извршувајќи криминал, порачаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Без никаков образ СДС одбра да молчи. Дали со молкот ја признаваат вината бидејќи не знаат што да одговорат? Зошто градоначалникот Јован Стојаноски не презема мерки за ставање вон сила на противзаконските донесени одлуки за управни и надзорни одбори, знаејќи дека по поднесена претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа, тој е должен да донесе решение за запирање на примената на одлуките? Зошто нема кривична одговорност и не е разрешена директорката на ЈП „Градски Гробишта“ од страна на градоначалникот Јован Стојаноски? Директорката потпишува противзаконска одлука донесена од Управниот одбор за изнајмување тезги за цвеќе и свеќи без Оглас за јавна набавки и што е уште посимптоматично давајќи ги повторно по иста цена на истиот закупец на кого не му бил продолжен договорот. Зошто не е избран најповолен понудувач на оглас? Повторно ли се слушаат партиските наредби, прашуваат од партијата.

Додаваат дека граѓаните ги чекаат одговорите и охриѓани јасно гледаат дека СДС со брутална партизација на претпријатијата и со поставувањето некомпетентни партиски кадри, Охрид го турка во хаос.

– Единствено нешто на коешто се надеваат е дека ќе ја одложат правдата, но бегање нема. Одговорност ќе има! Казната ќе стигне, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива