grujevskiboskovski

Судот одобри екстрадиција за екс началниците во УБК Грујевски и Бошковски

Солун, 5. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Судот во Солун ја одобри екстрадицијата за поранешните началници на УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, јавува репортерот на ТВ 24 од Солун.

Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеси во Грција, независни еден од друг.

Едниот е за фалсификуваните пасоши, а другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29-ти ноември. (Крај)

извор: ТВ 24 фото: архива