Охриѓанец се заканувал на полициски службеници
Охрид, 31. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вчера во Охрид на ул. „Дејан Војвода“, при превземање на службено дејствие – легитимирање, 27-годишниот К.В. од Охрид, ги спречувал полициските службеници, така што извадил нож и им се заканувал по нивниот живот и животот на нивните фамилии.
Лицето е приведено во СВР-Охрид, обавен е разговор и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе му биде поднесена соодветна пријава. (Крај)
извор: МВР фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |