RisteRisteski

Ристе Ристески го промовира видео записот за „Добро јутро тајно“ (Видео)

Охрид, 6. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Ристе Ристески, кој победи во минатата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, оваа година ја започна со објавување видео запис за неговата прва песна „Добро јутро тајно“.

Песната која е подарок од Гранд продукција е на српски јазик,  дело е на композиторот и текстописец  Бане Опачиќ, а аранжманот е на Марио Пајиќ. За видео приказната беше задолжен нашиот Даниел Јовески.

Инаку, како победник на шоуто, Ристески доби автомобил марка Шкода и две песни од автори по негов личен избор, како и ексклузивен 9 годишен договор за работа со продукцијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива