policija6

Шише со запалива течност фрлено во куќа на стружанец

Струга, 8. јануари 2018 (ОХИРДПРЕС) – 24-годишниот М.Ш. од Струга, синоќа околу 19:30 часот фрлил шише со запалива течност во куќа на улицата „Муртеза Татар“ во Струга, сопственост на 63-годишниот А.Р. од Струга, при што била оштетена влезната врата.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, по што бил обезбеден и приведен М.Ш. за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива