ohridskiaerodrom

Рекордни над два милиони патници на македонските аеродроми во 2017 година

Охрид, 8. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Над два милиони патници поминале на двата македонските аеродроми „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид.

Податоците на ТАВ покажуваат дека во 2017 година на двата аеродроми биле опслужени точно 2.027.344 патници што е за 13% повеќе споредено со 1.794.376 патници од минатата година. Само во декември минатата година се регистрирани 150.528 патници, што е исто така зголемување за 13% споредено со истиот месец лани.

Зголемување и на бројот на прелети покажува статистиката на ТАВ.

Минатата година на двата аеродроми се регистрирани вкупно 18.130 прелети што е зголемување за 7% споредено со претходната 2016 година, додека пак на месечно ниво во декември лани се регистрирани 1.374 прелети или за 13% повеќе од истиот месец претходната година. (Крај)

извор: емагазин.мк фото: архива