dupkasemafor1

Сериозно оштетен коловозот пред семафорите кај автобуската станица (Фото)

Охрид, 8. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните деновиве реагираат на оштетениот коловоз, пред семафорите кои водат од населбите Црногорци и Лакочереј кон автобуската станица.

– Вака изгледа местото (раскрсница пред автобуска) каде луѓето ги искршија возилата. Вака стои со недели, можеби и подолго. Се надевам дека овој апел ќе стигне до належните, реагираат на социјалните мрежи.

dupkasemafor2Според фотографиите, станува збор за дупка на патот која може да предизвика сериозни последици и оштетување на возилата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Мартин Ко