ukrasendvor

Денеска ќе бидат прогласени најубаво новогодишно украсените дворови и балкони во Охрид

Охрид, 11. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – На прес конференција ќе бидат соопштени добитниците на наградите по конкурсот за најубаво новогодишно украсен двор или балкон во Охрид.

Во трка за трите парични награди во висина од 10 000, 6 000 и 4 000 денари се 12 охридски семејства кои аплицирале.

Комисијата формирана од градоначалниот пред Нова година направи обиколка по домовите на пријавените граѓани, а при оценувањето се воделе од неколку критериуми и тоа да биде запазена природноста и естетиката на просторот, како и композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива