НБА: Убедлив пораз на Кливленд на гостувањето кај Торонто
Торонто, 12. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вицепрвакот во НБА шампионатот Кливленд Кавалирс претрпе нов убедлив пораз, откако ноќеска на гостувањето во Торнонто загуби со 133-99.
Уште на полувремето домашниот тим создаде голема предност од 25 поени, која во вториот дел постепено и ја зголемуваше, за на крајот „Репторси“ да слават со убедливи 34 поени разлика. Дури седуммина играчи на Торонто средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени. Најмногу постигна Фред Ван Влет 22 што е негов рекорд во кариерата, додека забележителен настап имаше и Литванецот, Јонас Валанчиунас со дабл-дабл учинок од 15 поени и 18 скокови, најмногу сезонава.
На Кливленд не му помогна нити Леброн Џејмс кос со 26-те поени беше најефикасн на натпреварот. За Кливленд ова беше шести пораз на последните осум натпревари, со што „Кавси“ паднаа на третата позиција на табелата во Источната конференција, зад Бостон и синоќешниот противник Торонто.
Филаделфија и Бостон одиграа меч на европско тло во Лондон, во кој Селтикс со голем пресврт победија со 114-103. Најефикасни во победничкиот тим беа Браун со 21 поени и Ирвинг со 20 поени, додека Филаделфија ја предводеше Џеј џеј Редик со 22 поени.
На другите две средби одиграни ноќеска победи остварија двете екипи од Лос Анџелес.„Клиперси“ во ефикасен меч го совладаа Сакраменто на гостински терен со 121-115, додека „Лејкерси“ пред своите симпатизери славеа над Сан Антонио со 93-81. (Крај)
извор: Сител фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |