Cicarito hernandez

Мурињо го враќа Чичарито на „Олд Трафорд”?

Манчестер, 12. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – По вчерашните бомби дека Јунајтед е подготвен да го донесе Санчез, денес пристигнуваат нови информации дека Јунајтед во својот состав го сака Хавиер Ернандез.

Медиумите пишуваат дека Мурињо сака да го засили нападот и дека поради тоа ќе го донесе Чичарито од Вест Хем.Чичарито во Манчестер Јунајтед претходно играше пет години, освои две шампионски титули во Англија и еден пехар во Комјунити Шилд, а важеше за голем миленик на навивачите на овој тим.

Висината на трансферот која треба да ја плати Манчестер ќе изнесува 17 милиони фунти. (Крај)

извор: Суперспорт фото: архива