sasovasileski

Пратеникот Сашо Василевски не дојде на седницата за притворот

Скопје, 12. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, охриѓанецот Сашо Василевски денес не се појави на јавната седница во Апелациониот суд на која ќе се расправа дали да му биде укинат притворот.

Во судницата дојде само неговиот адвокат Александар Новакоски, кој барал и тој да дојде на седницата, но Василевски не сакал.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ е во притвор за „крвавиот четврток“. Апелациониот суд во текот на денешниот ден се очекува да објави дел од одлуките за евентуално укинување на притворот за дел од осомничените од настаните од 27-ми април. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива