ohridoblacno1

Во Охрид денес облачно време со слаби врнежи на дожд и температура до 6. степени

Охрид, 13. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно облачно со слаби врнежи на дожд и снег на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 6. степени.

– Следува период на претежно облачно време со слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на студен воздух од север, в недела и в понеделник ќе има услови врнежите да преминуваат во снег и на некои пониски места. Повеќе врнежи ќе има во северозападниот дел од земјава, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес