nagradibugarija

Ученици од ОУ „Кочо Рацин“ учествуваа на Меѓународен ликовен конкурс во Бугарија

Охрид, 13. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Учениците Анабела Стефаноска и Андреј Маркоски го освоија 4-то место на Меѓународниот ликовен Конкурс, кој во декември минатата година се одржа во Стара Загора, Бугарија.

– Преку своите цртежи тие ја искажаа на најдобар начин својата креативност и фантазија, вели менторот, наставничката Виолета Петковска.

Анабела и Андреј добија Благодарници, кои им ги врачи директорката на училиштето Соња Спасеска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива