LebronKlivlend

Кливленд со трета последователна загуба, Голден Стејт се бореше со Милвоки

Индијанаполис, 13. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС)- Екипата на Индијана Пејсерс постигна драматична победа над Кливленд Кавалирс со 97:95 дома во Индијанаполис.

Домаќините ја загубија првата четвртина со 32:18, но потоа ја презедоа иницијативата во натпреварот и успеаја да ја стопат разликата по 32:24, 32:16, 21:21 во останатите три дела. Дарен Колисен беше најпрецизен за победниците со 22 поени, а Виктор Оладипо уфрли 19. За Кавс кои претрпеа трет пораз во првенството крилото Леброн Џејмс постигна 27 поени, 8 скока и 11 асистенции, а Кевин Лав имаше 21 поен и 10 скока.

Голден Стејт забележа солиден успех од 108: 94 над Милвоки Бакс како гостин.

Останати резултати:

Вашингтон – Орландо  125: 119
Шарлот – Јута  99:88
Атланта – Бруклин  105: 110
Минесота – Њујорк 118: 108
Њу Орлеанс – Портланд  119: 113
Денвер – Мемфис 87:78
Феникс – Хјустон  95: 112. (Крај)

извор: Локално фото: архива