staranovagodina1

Православните верници вечерва ја слават Стара Нова година

Охрид, 13. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници вечерва ќе ја слават Стара нова година, додека утре празникот Василица.

Според верувањето, празникот Василица го означува почетокот на новата година. Празнувањето ги обединува старите обичаи и верувањата на народот, со христијанската традиција.

Празнувањето на Стара Нова година и Василица е поврзано со голем број на обичаи, кои се разликуваат од едно до друго место, па дури, како што вели народот, „од едно сокаче до друго ќе се сретнат различни обичаи“.

Многу семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива