ohridvreme

Метео: Претежно облачно со слаб дожд и снег и температура до 4. степени

Охрид. 14. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес претежно облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег. Повеќе врнежи се очекуваат попладне, а снег е можен и на повисоките места и во котлините, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 4. степени.

– Локални врнежи од дожд кои понекаде ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места ќе има и утре. На планините особено на запад и на исток врнежите ќе бидат од снег. Најмалку врнежи ќе има во централните делови од земјава. Појава на врнежи ќе има и во вторник, но само во крајните западните делови. Понинтензивни врнежи претежно од дожд се очекуваат во среда од средината не денот и особено во западните делови, каде што врнежите во текот на ноќта ќе бидат од снег. Ќе дува дува засилен југозападен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

Извор: Метео фото: ОхридПрес