Biblioteka Ohrid

Ќе се одбележат 150 години од раѓањето на охридскиот поет и раскажувач Ефтим Спространов

Охрид, 14. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Утре во НУ Библиотека „Григор Прличев” во Охрид ќе биде одбележана 150 годишнината од раѓањето на охридскиот поет и раскажувач Ефтим Спространов.

eftim sprostranov

Настанот е дел од Републичката програма за одбележување на значајни датуми и личности од македонската историја и култура, која неодамна ја усвои Собранието на РМ.

За творештвото на Спространов ќе говори Милчо Јованоски, новинар и публицист.

Почетокот е закажан за 12:00 часот. (Крај)

Извор: ОхридПрес фото: архива