policija122-640x360

Кривична за жител на Велешта поради уцена на охриѓанка

Струга, 14. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишниот Н.И. од струшкото село Велешта.

– Пријавениот, во неколку наврати на 24-годишната М.М. од Охрид и` се заканувал дека ќе објави непристојни и компромитирачки фотографии и видео материјал, доколку не ја прифати љубовната врска со него, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива