policija122-640x360

Кривична за лице од Велгошти кое оштети рекламни табли на кружниот тек кај Охридска банка

Охрид, 16. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишниот Ј.К. од селото Велгошти поради постоење основи на сомнение дека е сторител на прекршок што е во спротивност со одредбите на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

– Пријавениот, прекршокот го сторил вчера во 10:30 часот на кружниот тек на булеварот „Македонски просветители“ пред зградата „Печијаре“ во Охрид. Тој, на средината на кружната крстосница  паркирал патничко возило џип без регистарски таблици, излегол од истото и со метална шипка удирал по рекламните табли со испишани имиња на два маркети кои биле поставени на електричен столб. Откако го сторил тоа, сега пријавениот, со џипот го напуштил местото на настанот. Во текот на вчерашниот ден,  Ј.К. е повикан во полициската станица и со него извршен е разговор за околностите на сторениот прекршок и одземен е патничкиот автомобил. СВР Охрид презема дополнителни мерки за утврдување на можен прекршок согласно одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата како и по друг законски основ, информираат од Секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива