tamaroholding1

Свечено отворени новите канцеларии на „Тамаро“ холдингот (Фото)

Охрид, 17. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во дел од просториите на фабриката „Братство“, реномираната охридска компанија „Тамаро“ денес свечено ги отвори новите простории каде ќе бидат сместени главните канцеларии на „Тамаро“ холдингот.

– Станува збор за современо уреден простор, по сите светски стандарди, кој нуди одлични услови за работа и координација на одговорните со раководството. Сега ќе можеме да бидеме многу побрзи и поефективни во работата, истакнаа на отворањето од менаџерскиот тим на „Тамаро“.

tamaroholding2 „Тамаро“ е трговска фирма која е основана во далечната 1997 година, кога започна да работи во објект со површина од само 15 м2. Од 2005 година во склоп на компанијата работи и магацинот на големо „А.М.“ Во моментов во склоп на „Тамаро“ работат седум маркети во Охрид и еден во Струга, како и пекара, месара и слаткарата „Анабела“.

Менаџерскиот тим составен од Роберто и Татјана Шутески и Марија и Климент Србиноски постојано се залагаат за подобрување на работните стандарди и односот кон потрошувачите, и организираат сопствени обуки и предавања за вработените. Тоа резултира со сериозни резултати и одличен менаџерски кадар.

Идните планови на компанијата предвидуваат започнување на сопствено производство и зголемување на производите под брендот на „Тамаро“.

tamaroholding4 tamaroholding5Неодамна „Тамаро“ го прослави 20-тиот роденден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес